Уште еден вообичаен спортски ден во Мексико. Престрелка помеѓу полицијата и вооружена група прекина безбол натпревар. Тројца од напаѓачите се убиени, четвртиот е ранет, автобусот на безбол тимот е изрешетан од куршуми, а натпреварот по кратка пауза си продолжи како ништо да не било.


