Александар Бајевски е еден од најискусните македонски интернационалци кој во својата кариера има настапувано за 11 различни клубови од 9 земји.
32-годишниот напаѓач од школата на Вардар настапуваше по една година во Белгија и Словачка. Како добар познавач на овие лиги тој ни даде неколку предлози за типување.
Словачка:
Слован Братислава - Татран Прешов 1
Жилина - ДАК Дунајска Стреда 1
Слован и Жилина се фиксови на колото. Едноставно Прешов и Дунајска оваа сезона се премногу слаби за нив и немаат никакви шанси.
Белгија:
Стандард Лиеж - Лувен 1
Стандард игра многу добро, а посебно дома каде се бодрени од своите фантастични навивачи. Тие имаат многу поквалитетен тим од Лувен и на овој натпревар ќе ги освојат трите поени.
Од поинтересните европски лиги би ги издвоил следните натревари:
Севиља - Барселона 2 или 3+
Борусија Дортмунд - Вердер Бремен 1
Оваа сезона Бајевски ги кине мрежите во Индонезија. На 8 лигашки натпревари за неговиот клуб Пелита тој постигна 6 голови. Го замоливме накратко да ни го опише фудбалот во оваа земја.
„Првенството во Индонезија е многу атрактивно и нималку слабо како што многумина имаат впечаток. Во секој клуб има 5-6 квалитетни странци, а тука на пример директно од Премиер лигата е дојден Маркус Бент. Луѓето тука едноставно го обожаваат фудбалот и стадионите се преполни.“
Фудбалот во Индонезија и нас премногу не заинтересира, па наскоро ветуваме поголемо интервју со Бајевски.
Кој е вашиот тикет на колото? Пишете ни во коментарите под оваа статија.