Оваа година финалето на Лигата на шампиони ќе се одигра на 19 мај во Минхен. Следната година домаќин на големото финале ќе биде Вембли во Лондон, а во 2014-та година финалето на најелитното европско клупско првенство ќе се одржи во Лисабон.
Стадионот Луж (Estádio da Luz) или во превод „стадион на светлината" беше изграден за потребите на Европското првенство во 2004-та година, а на него сега игра Бенфика.
Ова ќе биде прво финале за Лисабон по пауза од 47 години. Во 1967-та година овој град беше домаќин на финалето на Купот на европските шампиони, кога Селтик го совлада Интер.
На седницата на извршниот одбор на УЕФА беше донесена одлука финалето на Лига Европа во 2014-та година да се одржи во Торино на новиот стадион на Јувентус. Домаќин на финалето оваа година е Букуреш, а следната година финалето на Лига Европа ќе се одржи во Амстердам.