Дејвид Џејмс, поранешниот голман на Ливерпул, Астон Вила, Вест Хем, Манчестер Сити и Портсмут, кој забележа и 53 настапи за репрезентацијата на Англија, сега има 41 година и брани за Бристол Сити во англискиот Чемпионшип.
Тој и во најдобрите денови често правеше киксови во воздушните дуели, а на вчерашниот натпревар против Ватфорд тој повторно не потсети на тие моменти.