Малага го шокираше Реал Мадрид

По 12 победи во серија, екипата на Реал Мадрид на домашен терен беше шокирана од Малага со гол во судиското продолжение. Сега разликата со Барселона се намали на осум поени.

На 11 кола пред крајот на шпанската Примера, Реал Мадрид не успеа да ја зачува предноста од 10 поени во однос на второпласираната Барселона.

Реал Мадрид ја имаше теренската иницијатива во текот на целиот натпревар, но постигна само еден гол. Стрелец на еденствениот погодок беше Карим Бензема по центаршутот на Роналдо во 35-та минута.

Фудбалерите на Малага во текот на целиот натпревар упатија само два удари во рамките на голот, а токму еден од нив и тоа во судиското продолжение беше кобен за Реал Мадрид.

Санти Казорла со прекрасен погодок од слободен удар во 91-та минута ја спаси Малага од пораз на Сантјаго Бернабеу.

ПРИМЕРА – 27. КОЛО

сабота:
Севиља – Барселона 0:2
Чави 18, Меси 25

Гранада – Хихон 2:1
Карлос Мартинс 3, Сикуеира 24 – Колунга 90

Сарагоса – Осасуна 1:1
Постига 86 – Роверсио 88

Хетафе – Сосиедад 1:0
Мартинез 81аг

Рајо Ваљекано - Бетис 3:0
Арментерос 51, Диего Коста 78, Тамудо 90

 

недела
Леванте - Виљареал 1:0
Торес 92

Мајорка - Атлетико Мадрид 2:1
Годин 47аг, Переира 49 – Фалкао 66

Атлетик Билбао - Валенсија 0:3
Солдадо 42, 57, 85п

Реал Мадрид - Малага 1:1
Бензема 36 - Казорла 91

понеделник
21.00 Еспањол - Расинг

19 март 2012 - 00:41