Поранешниот НБА кошаркар, Ентоан Вокер го продаде својот шампионски прстен за 21.500 долари. Тој уште во 2010-та година објави дека банкротирал и дека неговите долгови изнесуваат 12,7 милиони долари.
Вокер претходно ја продаде вилата во Мајами за 2,3 милиони долари, како и три други објекти во Чикаго во вредност од 1,4 милиони долари.
Во 2009-та година тој беше приведен во Лас Вегас заради потпишување чекови без покритие. Тој во казината во Лас Вегас направил долг од 800.000 долари.
Ентоан Вокер ја освои шампионската титула во 2006-та година со Мајами Хит. Во својата кариера тој играше и за Бостон, Далас, Мемфис и Атланта, а кариерата ја заврши во сезоната 2007/2008 во дресот на Минесота.