Формацијата која ја користи тренерот Пеп Гвардиола, односно положбата и движењето на фудбалерите на Барселона ги означуваат шверцерските канали кои ги користат бунтовниците во Сирија.
Позицијата на топката ја покажува моменталната локација на оружјето, проигрувањето на Меси всушност е знак дека оружјето е примено од страна на противниците на сирискиот претседател Башар Асад.
Барем така тврдат новинарите од државната телевизија во Сирија во овој прилог кој е објавен уште во декември и на кој е прикажан момент од натпревар помеѓу Барселона и Реал Мадрид.