Меси и Мурињо заработуваат најмногу

Аргентинецот Лионел Меси не само што е најдобар, туку тој е и најдобро платен фудбалер на планетата. Жозе Мурињо заработува најмногу помеѓу тренерите.

Според истражувањето на магазинот France Football, освојувачот на „Златната топка" годишно заработува околу 33 милиони евра.

Тој од Барселона има плата од 10,5 милиони евра (875.000 евра месечно), а од бонуси и награди заработува 1,5 милини. Тој најмногу, дури 21 милиони евра заработува од маркетинг, снимање реклами и спонзорски договори.

Втор најдобро платен фудбалер е ветеранот Дејвид Бекам кој годишно заработува 31,5 милиони евра, но само 4,8 милиони му се плата од ЛА Галакси, а останатите 26 милиони евра ги заработува од реклами.

Португалецот Кристијано Роналдо од Реал Мадрид заработува 13 милиони евра плата, а надвор од терените добива дополнителни 15,5 милиони, односно тој годишно вкупно заработува 29,2 милиони евра.

Најдобро платен тренер на планетата е Жозе Мурињо кој годишно заработува 14,8 милиони евра. Втор е сегашниот тренер на ПСЖ, Карло Анчелоти со 13,5 милиони евра.