Огнено дерби во Атина

Атинското дерби помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос дури и без гостински навивачи изобилуваше со инциденти и не го доживеа крајот.

И покрај тоа што на навивачите на Олимпијакос не им беше дозволен влезот на дербито против Панатинаикос, големоте дерби не помина во мирна атмосфера.

Второто полувреме започна со задоцнување од дури 45 минути откако полицијата се судри со домашните навивачи. Инцидентите продолжија и за време на второто полувреме, а навивачите на Панатинаикос посебно се разлутија откако гостите постигнаа гол во 51-та минута.

Блиску до теренот екслодираа повеќе пиротехнички средства и избија неколку пожари, по што главниот судија беше приморан да го прекина натпреварот на девет минути пред крајот.

Три противпожарни возила ги гаснеа пожарите на стадионот, а 20 полицајци беа повредени. 50 навивачи беа уапсени, а кај нив биле пронајдени 10 молотови коктели, и многу палки и ножеви.

 

19 март 2012 - 10:36