Роже Федерер на своето 103-то финале во кариерата со 7-6(7), 6-3 го совлада најголемото изненадување на турнирот, Џон Изнер. 206 сантиметри високиот Изнер стана првиот Американец по Џејмс Блејк кој успеа да го совлада светскиот број 1. Тоа тој го стори ден пред финалето, кога во полу-финалето го елиминираше Новак Ѓоковиќ.
Американецот беше рамноправен противник во првиот сет, а во вториот поведе и со 3:2, но потоа му ги препушти сите гемови на Федерер на натпревар кој траеше 1 час и 21 минута.
Ова за Федерер беше трета титула во 2012-та година, а вкупно 73-ти освоен турнир и рекордна четврта титула од Индијан Велс. Тој успеа и да се израмни со Рафаел Надал со 19 титули на турнирите од серијата Мастерс 1000.
Освен со рекордите, Федерер по освојувањето на овој турнир ќе биде побогат и за милион долари.