Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола, во понеделникот ја повтори изјавата која ја даде уште минатата недела.
„Барселона не може да ја одбрани шампионската титула во Шпанија. Реал Мадрид премногу ни побегна."
Со оваа изјава се согласуваат сите, освен Жозе Мурињо. До крајот на сезоната треба да се одиграат уште 11 натпревари, но и покрај тоа што се наоѓаат во добра форма и ги имаат одличниот Роналдо и еден од најдобрите стратези, Мурињо знае дека неговиот тим го очекува тешка задача и долг пат до трофејот.
Оваа среда Реал Мадрид гостува кај Виљареал кој се бори за опстанок. Тимот кој до минатата сезона имаше европски амбиции, сега е во опасна зона и нема лесно да му се предаде на Реал. Следниот месец кралскиот клуб го очекува натпревар со Валенсија и гостување во соседството кај градскиот ривал Атлетико Мадрид.
На 22 април фудбалерите на Мурињо ќе и гостуваат на Барселона кого веќе долго време немаат победено. Веднаш потоа ќе ја пречекаат Севиља, а на 2 мај ги очекува тешко гостување кај Атлетик Билбао.
Тоа се пет тешки натпревари на кој Мурињо не може да гарантира добар резултат.
Барселона на Камп Ноу ќе ги пречека Атлетик Билбао, Реал Мадрид и Малага. Ги очекуваат и две тешки гостувања - кај Леванте и кај Бетис во последното коло, но до 13 мај веќе се ќе биде решено.
Барселона има многу полесна задача до крајот, но и минус 8 поени. Клучното прашање е дали Реал Мадрид ќе направи доволно киксови до крајот. Историјата вели дека ниту еден шампион во шпанската Примера не прокоцкал предност од 10 поени, но Барселона и Меси оваа сезона докажаа дека за нив не постојат граници и тие ја пишуваат историјата.