Борусија Дортмунд се мачеше 120 минути против Гројтер Фурт во германскиот куп за во последните секунди Илкај Гундоган да го постигне победничкиот гол.
Медиумите по натпреварот сакаа да земат изјави од херојот на натпреварот и додека Гундоган одговараше на новинарските прашања, автобусот на Борусија Дортмунд си замина без никој да примети дека тој фали.
За негова среќа, автобусот се врати по неколку минути чекање.