Offside

Францускиот клуб Дижон смислил уникатна новост пред натпревар од новата сезона во француската втора Лига 2.

Разлика помеѓу навивачи

Строгите закони на англиските стадиони го претворија фудбалот во театарска претстава, па гостувањето на навивачите на Борусија Дортмунд добро му дојде на Манчестер за мало размрдување на атмосферата.

Одмазда за незаслужениот пораз во Загреб

Со огромен оптимизам помеѓу репрезентативците и стручниот штаб и еуфорија помеѓу навивачите кои ќе ја преполнат арената Филип Втори, фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ја пречекува Хрватска на патот кон Светското првенство во Бразил.

Подарок од голманката

Голманката на женската репрезентација на Нигерија (Енди Гифт) им даде вистински подарок на колешките од Франција на натпревар од Светското првенство за фудбалерки до 17 години кое се одржува во Азербејџан.

Фелпс го бива и за голф

Освен што е најтрофејниот олимпиец со 22 медали во пливачките дисциплини на Олимписките игри, Мајкл Фелпс покажа дека добро му оди и во голф.

Мекејлеб и Антиќ стартуваа со победи

Македонските претставници во кошаркарската Евролига имаа половичен успех на стартот од новата сеона. Перо Антиќ и Лестер Мекејлеб забележаа победи, а Владо Илиевски и Предград Самарџиски претрпеа порази.

Стартува најелитната европска кошарка

Денес стартува новата сезона на најелитното европско кошаркарско натпреварување. Перо Антиќ со Олимпијакос ќе ја брани титулата во Евролигата, а дел од ова натпреварување ќе бидат и Владо Илиевски, Предраг Самарџиски и Лестер Бо Мекејлеб.

Махер на колото

Не се само Србите „видовити“ кладилничари. И ние имаме махери. Би било убаво некогаш на некој да му текне да ни испрати вакво ливче пред да почне натпреварот.

Муслиманите од Њукасл имаат проблем со новиот спонзор

Членовите на Њукасл со муслиманска вероисповед добија предупредување дека не смеат да ги носат дресовите на кои ќе го има логото на новиот спонзор Вонга.

Од гол на гол

Голманот Имран Мохамед, член на лидерот во првенството на Малдиви, ја искористи несмасноста на колегата од спротивната страна и постигна гол од својот шестнаесетник.

Да пукне!

По тачдаун на натпревар од колеџ рагби лигата, Нејтан Шилхас проба на судијата да му направи "high five" во стилот на Борат. Нормално, беше одбиен.

Најлошите фудбалски фолиранти

Инспирирани од неколкуте комични симулирања овој викенд, момците од talkSPORT составија одлична видео компилација со најлошите актери на фудбалските терени.

Балканска фудбалска лига од 2015-та година?

На неодамнешниот состанок одржан во Будва, претседателите на фудбалските федерации од овој регион заедно со претставници од УЕФА повторно ја разгледале можноста за формирање на средноевропска-балканска фудбалска лига.

Видео од кочанската количката

Ако не верувавте на пишаниот збор, еве и видео од велелепната промоција на кочанската количка за обележување на терен.

Новиот дом на Англија

Фудбалската асоцијаја на Англија го претстави нивниот нов тренинг центар. Најмодерниот тренинг центар на планетата има 12 фудбалски игралишта, комора за симулација на различна надморска висина, патека за спринт, хотел... и сето тоа опремено со напредна технологија. Цена: 105 милиони фунти.

Фудбалерите се слабо платени?

И покрај тоа што фудбалот е „најважната споредна работа на светот" која полека но сигурно станува повеќе бизнис од спорт, фудбалерите далеку заостануваат со платите зад нивните колеги од другите спортови. Не му го покажувајте текстов на Кристијано Роналдо.

Казниво фолирање

Со цел подобро да го објасни новото правило за борба против симулантите, НБА објави видео со примери од натпревари и кои ќе се казнуваат, но и ситуации за кои играчите нема да бидат санкционирани.

„Скромниот“ Паоло Ди Канио

Контроверзниот Паоло Ди Канио кој по завршувањето на кариерата како играч, стана тренерска легенда во англискиот нисколигаш Свиндон, смета дека е еден од најдобрите тренери, но сепак тој е скромен и признава дека не е Господ.

Навидум обична количка (обновено)

Сепак француската донација за фудбалот во Кочани ја заслужи спектакуларната манифестација. Навидум обична количка за обележување на линиите со вар, но...

Суарез вода да му носи

Викендов бевме сведоци на комични симулирања на Суарез и Бејл, но сепак тие треба уште многу да учат за да го достигнат мајсторов од Турција.

Количката која ја менува фудбалската историја на Кочани!?

Оваа сабота на теренот на стадионот „Никола Мантов" се одржа спектакуларно доделување на француска донација за фудбалот во Кочани - количка со вар за обележување на линиите на теренот.

Утрински ритуал на шампионите: урина наместо кафе

Тренерите и докторите тврдат дека начинот на исхрана е еден од најважните фактори за добрата форма, но во тоа не се согласуваат некои спортисти. Ова се најчудните начини на исхрана кај спортистите.

Јунајтед и Реал продаваат најмногу дресови

Фудбалските клубови практикуваат да ги „набилдаат" бројките кога се фалат за продажбата на нивните реквизити, но можат да бидат издадени од производителите. Според официјалните бројки (без чкартовите од Битпазар) на Најк и Адидас, најмногу дресови продаваат Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Глумата на Суарез

Џабе го критикувате Суарез за неговото паѓање против Стоук. Стварно имаше опструкција, ама на ТВ ние тоа не го видовме. Еве што навистина се случи.