Неговата вештина во високите скокови е измерена на биомеханички тестови на Универзитет во Чичестер пред две години. Од место, фудбалерот на Реал Мадрид измерено е дека може да се одрази 44 см, а со помош на залет 78 см. Височини за кои може да му подзавидат многу кошаркари од НБА лигата.
Силата во неговите бутови и мускулите во горниот дел од телото се од суштинско значење за овој вид на скок, а Роналдо поминува многу часови во салата за фитнес за да ја одржи својата моќ. Другиот важен факт за неговата сила во скоковите, но и во брзината е тоа што има помалку телесни масти од еден супермодел.