Рос крал на забивањата, Ирвинг најдобар тројкаш

Во саботната ноќ на програмата на Ол стар викендот во Хјустон најатрактивни беа натпреварите во забивање и шутирање тројки. Најдобар забивач беше Теренс Рос од Торонто, а Кајри Ирвинг од Кливленд е победник на натпреварот во шутеви за три поени.

22-годишниот Теренс Рос е новиот шампион во забивања во НБА. Кошаркарот на Торонто Репоторс во финалето на натпреварот во Хјустон со 58% од гласовите беше подобар од минатогодишниот освојувач Џереми Еванс.

Титулата за најдобар тројкаш ја понесе Кајри Ирвинг кој во финалето погоди дури 23 тројки и беше блиску до рекордните 25 на Џејсон Капоно.

Во првата рунда тројцата шутери од Западот со 54 наспротив 45 поени беа посупешни од Истокот, а во втората рунда шутираа најдобрите од конференциите - Мет Бонер од Западот и Ирвинг од Истокот.

Во натпреварот "Shooting stars", четири тима се натпреваруваа од шест различни позиции на теренот, а најуспешна беше екипата предводена од Крис Бош.

Победник на натпреварот за вештини беше Демиен Лилард од Портланд кој полигонот со пречки го помина за 29,8 секунди.

17 февруари 2013 - 08:48