Ждрепката на која присуствуваше Иван Ракитиќ не помина добро речиси за ниту еден противник.
Според двојките кои се паднаа на мегдан, се очекува пеколно тешки натпревари со голема неизвесност.
Една од екипите на Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе се прости уште во топ 16, а истото се однесува и на другото дерби меѓу ПСЖ и Челси.
Нема воопшто да им комотно ниту на Барселона, Ливерпул, Атлетико и Арсенал, кои важат за благи фаворити, па дури и на еден Баерн, кој ја згази Борусија со 4 парчиња.
Има ли сили Бодо Глимт за нова сензација? Гигантите ги избегна.
Осминафинални двојки:
Реал Мадрид - Манчестер Сити
Бодо Глимт - Спортинг
ПСЖ - Челси
Њукасл - Барселона
Галатасарај - Ливерпул
Атлетико - Тотенхем
Аталанта - Баерн Минхен
Баер Леверкузен - Арсенал
Првите натпревари се закажани за 10/11 март, а реваншите се една недела подоцна.