Фудбалерите на Нигерија кои пред 10 дена станаа шампиони во Афричкиот Куп на нации, совладувајќи го во финалето составот на Буркина Фасо со 1:0, добија навистина разновиден вид на награди.
Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан одлучи на секој член на репрезентацијата да му додели плац со земја во главниот град Абуја, а за освојувањето на пехарот секако дека не изостанаа ниту паричните награди.
Па така селекторот Стефан Кеши ја доби највисоката парична награда од околу 64 илјади долари, сите 23 играчи ќе добијат по 32 илјади долари, а останатите лица од стручниот штаб ќе инкасираат по околу 13 илјади долари.
Пред освојувањето на титулата тие добија ветување од Здружението на проститутки на Нигерија, дека доколку победат во финалето, ќе добијат бесплатен секс во период од една недела.