Таг: афрички куп на нации

Необична награда за Нигеријците

За сексуалните активности на фудбалерите на Нигерија кои ги добија како ветување од Здружението на проститутки немаме информации, но денеска се огласи претседателот Гудлак Џонатан кој одлучи да ги награди со земјиште.

Херојот на Мали од свој џеб ќе ги плаќа бонусите

Фудбалерите на Мали ги израдуваа граѓаните на оваа афричка земја која долги години е погодена од воени конфликти, а поранешниот член на Барселона, Сејду Кеита се понуди да ги плати бонусите ако се пласираат во полуфиналето на АКН.

Афричкиот Жозе Мурињо

Лусио Антунес кој работи како контролор на летање, направи историски чекор за спортот во Зеленортските острови. Земјата за која ретко кој слушнал дека воопшто се игра фудбал, настапува како дебитант и е најмала во Афричкиот Куп на нации оваа година.

Афричкиот фудбалски крем на едно место

Во наредните 20 дена Јужна Африка ќе нагости 16 селекции во популарниот Афрички Куп на нации кои ќе бидат распределени во четири групи. Бранителот на титулата е репрезентацијата на Замбија која минатата година славеше на пенали против Брегот на Слоновата Коска.