Малку познатите Заленортски острови кои се 10 на број и се наоѓаат 570 километри од западниот брег на Африка за прв ќе учестуваат на едно големо континентално натпреварувње. Земјата која по независнота во 1975 година цели 17 години чекала да победи нивната фудбалска репрезентација, го понижи составот на Камерун предводен од Самуел Ето и се квалификуваше на Афричкиот Куп на нации кој стартуваше овој викенд.
Заслугите за овој историски чин, љубителите на фудбалот во оваа земја му ги препишуваат на Лусио Антунес кој е вработен на аеродромот во главниот град Праја во одделот за контрола на летање. Во слободно време тој е селектор кој ги освои срцата на навивачите и кој веќе го доби прекарот „The special one".
Кога репрезентацијата го елиминираше силниот Камерун и обезбедни пласман во афричкото репрезентативно натпреварување, на помош се понудил претседателот на државата кој лично му се јавил на Жозе Мурињо од кого побарал помош да го поддучи анонимниот негов колега за што подобро претставување на Купот на нации.
Малку иронично и вистинито е што Антунес кој 20 години ги пречекува авионите, немал можност до сега да отпатува во некоја европска земја, а поради финансиски прични тоа до сега не му го овозможиле ниту од Фудбалската федерација на Зеленортските острови.
Мурињо го поканил својот колега да помине една недела со него во тренинг центарот на Реал Мадрид, разговарал со него, го поддучувал на разни тактики, а не побарал ниту денар за тие услуги.
„Постои само еден "посебен" тренер. Тоа е фантастичен човек, многу интелегентен со големо срце. Беше огромно задоволството да се разговара со него. Ги гледав неговите тренинзи, бев присутен и на два меча, а разговарав и со неколку играчи на Реал. Најважната работа која ја научив од Мурињо е специфичниот начин на комуникација со играчите", рече Антунес.
Искуството на афричкиот стратег е разновидно. Тој во минатото ја претставувал својата земја и преку кошарката и пинг понгот, а за селектор на островите бил назначен во 2010 година. Претходно ја водел и селекцијата до 21 година, а како фудбалер настапувал за Спортинг Клуб Праја, во домашното првенство кое се одржувало на девет острови. Настапувал и за репрезентацијата, исто како и неговите четири браќа и нивниот татко.
Освен голманот и двајца играчи кои играат во домашното првенство, како и еден фудбалер кој е во шампионатот на Ангола, сите останати репрезентативци настапуваат во Европа. Повеќето од нив во Шатуру (Франција) и Оланензе (Холандија), како и во кипарска Омонија, а најголемите ѕвезди се брзото крило Рајан Мендес кој настапува во Лил и напаѓачот Нелдон Рамос од Маритимо.
Од оваа далечна афричка дестинација каде живеат околу половина милион жители потекнуваат Партик Виера, Хенрик Ларсон и Нани, познати фудбалери кои си заминале од поранешната колонија и како дестинации ги одбрале Франција, Шведска и Португалија. Корени од овие острови има Кристијано Роналдо преку своите предци.
Лусио Антунес кој немал можност во живо да ги следи настапите на потенцијалните репрезентативци кои играат во европските клубови, нивните партии ги следел на ТВ екраните и така го кроел составот. Сега Афричкиот Мурињо е вистинско освежување, но и изненадување на првенството каде на првиот меч во Јоханесбург му откина бод на домаќинот Јужна Африка.