Нигерија е новиот шампион на Африка

Репрезентацијата на Нигерија го потврди фаворитскиот статус против изненадувањето Буркина Фасо и со минимална победа во финалето го освои Африканскиот куп на нации по пауза од 19 години.

Фудбалерите на Буркина Фасо беа големи аутсајдери на првенството на Африка и направија големо изненадување со пласманот во финалето каде лавовски се бореа против Нигерија, но не усепаа да направат целосен подвиг. Репрезентацијата на Нигерија триумфираше со 1:0 и по трет пат триумфираше во Африканскиот куп на нации.

Стрелец на единствениот гол во финалето на првенството кое се одржа во Јужна Африка беше Сандеј Мба во 40-та минута.

Репрезентацијата на Нигерија триумфираше во 1980-та и 1994-та година, а оваа титула ќе ја брани за две години на првенството во Мароко.

10 февруари 2013 - 21:40