Започнува нокаут фазата во Лига Европа

За некого е Валентајн, за некого е Свети Трифун, а за љубителите на фудбалот е денот кога започнуваат дуелите од нокаут фазата во второто по ранг натпреварување во Европа.

Во недостаток на македонски клубови во европските натпреварувања и на македонски фудбалери во клубовите кои играат во Лигата на шампиони, вниманието на македонската јавност оваа сезона беше насочено кон Лига Европа. Сезоната ја започнавме со 8 македонски фудбалери, а пролетта ја дочекаа само двајца.

Наполи чиј член е Горан Пандев ја пречекува чешката екипа Викторија Плзен, но заради неефикасноста нашиот капитен најверојатно нема да биде во првиот состав. Пандев нема постигнато гол во дресот на Наполи уште од дуелот со Удинезе во октомври минатата година, односно на 19 натпревари, па вечерва тренерот Мацари ќе му даде шанса од клупата.

Нашиот втор претставник, Даниел Георгиевски заради скршеницата која ја заработи во ноември, нема да биде дел од тимот на Стеауа кој ќе му се спротистави на холандскиот шампион Ајакс.

Од останатите поинтересни двојки се издвојуваат дуелите Атлетико Мадрид - Рубин, Интер - Клуж, Зенит - Ливерпул, Борусија Менхенгладбах - Лацио и Тотенхем - Лион.

ЛИГА ЕВРОПА - 1/16-финале:

БАТЕ - Фенербахче
Интер - Клуж
Леванте - Олимпијакос
Зенит - Ливерпул
Динамо Киев - Бордо
Леверкузен - Бенфика
Њукасл - Металист
Штутгарт - Генк
Атлетико Мадрид - Рубин
Ајакс - Стеауа
Базел - Днипро
Анжи - Хановер
Спарта Прага - Челси
Борусија (М) - Лацио
Тотенхем - Лион
Наполи - Викторија Плзен

Возвратните натпревари од 1/16-финалето во Лига Европа ќе се одиграат на 21 февруари, а во 1/8-финалето ќе се сретнат:

Наполи/Плзен - БАТЕ/Фенербахче
Леверкузен/Бенфика - Динамо К./Бордо
Анжи/Хановер - Њукасл/Металист
Штутгарт/Генк - Борусија М./Лацио
Тотенхем/Лион - Интер/Клуж
Леванте/Олимпијакос - Атлетико М./Рубин
Базел/Днипро - Зенит/Ливерпул
Ајакс/Стеауа - Спарта П./Челси

Финалето од Лига Европа ќе се одигра на 15 мај во Амстердам.

14 февруари 2013 - 12:14