Металург како на тренинг во Русија

Во претпоследната битка во групната фаза од Лигата на Шампионите, екипата на Металург го декласираше тимот на Санкт Петербург на гости убедливо со 32:14 и направи важен искечор во борбата за второто место во групата.

По слабото издание против Горење, ракометарите на Металург за кратко време го поправија впечатокот во играта и му одржаа вистинска лекција по ракомет на рускиот претставник Санкт Петербург, во претпоследното коло од најквалитетно клупско ракометно натпреварување.

Избраниците на Лино Червар беа убедливи и сигурни уште на самиот старт и по 10 минути игра имаа водство од 6:3. Доминацијата на Металурзите растеше од минута во минута, а резултатот на семафорот по 15 минути игра изнсуваше 9:4. На 5 минути до крајот на првиот дел Металург водеше убедливо со 9 гола разлика.

Резултатот на полувремето од 18:10 и фантастичното издание на Металруг не му даваа никаква надеж на рускиот состав дека можат да направат чудо. На тоа се придодаде и неприкосновениот Дарко Станиќ кој само во првиот дел имаше 9 одбрани.

Второто полувреме веќе беше рутинирата задача за македонскиот претставник во Лигата на Шампионите, а на теренот само еден тим играше ракомет. Во 45 минута резултатот беше 25:12, а по секоја измината акција ракометарите на Червар ја зголемуваа предноста.

Творци на триумфот за Металург беа Вугринец и Мојсоски кои постигнаа по 7 гола, а Манасков уфрли 5. Последниот меч за актуелниот македонски првак е на 24 февруари против тимот на Сикелборг, по кој ќе се знае конечниот пласман во групата каде Киелце е лидер со 16 бода, но и натпревар помалку, Металург е втор со 12 бода исто колку и Горење, кој утре му гостува на Сикелборг.

Во последното коло Металург мора да оди на триумф, и да се надева на кикс на словенечкиот состав кој на домашен терен го пречекува веќе пласираниот Килце. Освојувањето на втората позиција во групата на Металруг ќе значи и добивање на полесен противник во осминафиналето во кое македонскиот претставник се пласира втора сезона по ред.

16 февруари 2013 - 17:34