
На завршницата на Ол стар викендот кој оваа година се одржа во Хјустон, селекцијата на Западната конференција славеше со 143:138.
Повторно оваа година најдобрите кошаркари од НБА лигата ги исполнија очекувањата на фановите и одиграа интересен натпревар со многу атрактивни потези. За најдобар играч на натпреварот за прв пат беше прогласен кошаркар на ЛА Клиперс, откако Крис Пол реализираше 20 поени и 15 асистенции.
Западот водеше во текот на целиот натпревар, а во финишот Леброн Џејмс се обиде да направи пресврт, но Коби Брајант ги спречуваше неговите обиди.
Најефикасен беше Кевин Дурент со 20 поени, Блејк Грифин постигна 19, а во поразениот тим се истакнаа Кармело Ентони со 26 и Двејн Вејд со 21 поен. Леброн Џејмс постигна 19 поени.
Источната конференција се уште води со 36 наспроти 27 победи.