Според контроверзниот политичар, Барселона може да се победи на следниот начин. Во одбраната, најважно е за најдобриот играч на планетата Лионел Меси да биде задолжен само еден играч кој ќе практикува "фластер" игра над него. Во средниот ред постојано треба да се уфрла друг играч од одбраната, кој ќе им ги сече додавања на фудбалерите на Барселона.
Што се однесува до нападот, и покрај отсуството на Марио Балотели кој нема право на настап во Лигата на шампионите, Милан треба да игра со двајца напаѓачи. Тактиката на „Росоњерите" според Берлускони треба да биде слична до моделот на Унгарецот Нерео Роко кој како тренер во 60 и 70-тите години, прв го вовел во Италија популарното „Катеначо".
„Роко беше голем тренер кој знаеше како полесно да се постигнуваат голови од контра напад, но потоа јас и Ариго Саки воведовме нов начин на игра и со тројцата популарни холанѓани Рајкард, Гулит и Ван Бастен направивме тим кој командуваше на терените. Потоа дојде Барселона и мислам дека ваквите примери се единствени во историјата на фудбалот", рече поранешниот премиер на Италија.
76 годишниот Берлускони кој рече дека знае добро која е улогата на претседателот, а која на тренерот, не сокри дека тактиката му ја пренел и на Алегри.