Баркли поуспешен од Шек

Со натпреварот помеѓу двете екипи скроени по вкусот на поранешните ѕвезди Чарлс Баркли и Шекил О'нил стартуваше 62 издание на НБА Ол стар викендот кој се одржува во Хјустон.

Баркли и Шек веќе втора година по ред се во фунција на тренери, кои за Ол стар викендот бираат кошаркари со една или две сезони стаж во најсилната кошаркарска лига во светот. Во дуелот помеѓу младите ѕвезди составот на Чарлс Баркли победи убедливо со 163:135.

Најдобар поединец на паркетот беше крилниот центар на Денвер, Кенет Ферид со фантастичен учинок од 40 коша и 10 скока. Тој впрочем ќе биде дел и од вечерашната ноќ кога се игра натпреварот во забивање.

Во победничкиот состав голем удел во победата имаа и Кавај Леонард (Сан Антонио) и Тристан Томпсон (Кливленд) со по 20 поени, а плејмејкерот на Сакраменто Ајзеа Томас учествуваше со 18 поени, 10 асистенции и 5 скока. Првиот Црногорец на Ол стар викендите Никола Вичевиќ од тимот на Орландо имаше 15 поени и 4 скока.

Во тимот на О'нил најдобар беше Карји Ирвинг со 32 поени, 6 скока и 6 асистенции. Ѕвездата на Кливленд имаше и лично шоу на мечот кога во три наврати го исфрли од игра неговиот чувар Брендон Најт.

16 февруари 2013 - 12:29