Фудбалерите на Олдам, членови на третата англиска лига долго го очекуваа дуелот со Премиерлигашите Евертон, а една од причините за тоа беше и можноста за размена на дресови со своите далеку попознати колеги.
Но пред почетокот на натпреварот, фудбалерите на Олдам биле изненадени и разочарани од одлуката на управата на клубот која им забрани да ги заменуваат дресовите. Причината за ваквата одлука е тоа што ов моментов клубов бил во криза со опрема и доколку направат размена со дрсовите тие нема да имаат што да носат на следниот натпревар кој треба да се одигра веќе во вторник.
Сепак тие не ја испочитуваа оваа одлука. Олдам направи сензација и со гол во 94-та минута израмни на 2:2, по што пресреќните домашни фудбалери во моментите на радост најверојатно заборавија на наредбата од клупското раководство и ги разменија дресовите со колегите од Евертон, а еден од нив дури и го фрлил својот дрес во публика.
Останува да видиме со какви дресови ќе излезат на терен фудбалерите на Олдам на вторничкиот дуел со Стивениџ.