Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Ај пак влези на терен

Екипата на Бурсаспор загуби со 2:0 на гостувањето кај Касимпаша, а нивните навивачи секако не беа задоволни со резултатот. Еден од нив сакаше да го нападне голманот Харун Текин и долго време ќе се кае за ова негово влегување на терен. За неговата реакција ќе се кае и самиот голман кој на крајот го фрли дресот и стана најомразен фудбалер во неговата екипа.

Европската унија ќе ја прекине шпанската фудбалска доминација

Шпанија е актуелен европски и светски шампион и има три претставници во четвртфиналето на Лигата на шампиони, но нивната доминација во светскиот фудбал наскоро би можела да биде прекината и тоа со налог на Европската унија.

Голот на викендот

Немавме време да ги изгледаме сите голови постигнати викендов, но и без да ги видиме другите, признанието за најдобар гол му го доделуваме на Араз Озбилиз од Кубањ на натпревар од руското првенство против Спартак Москва.

МЗТ повторно го зграпчи пехарот во Купот

Актуелниот македонски кошаркарски шампион, тимот на МЗТ Скопје ја оправда фаворитската улога во четиридневната кошаркарска претстава и со победа против Куманово од 79:71 ја одбрани титулата во Македонскиот кошаркарски Куп.

На Мулумбу му дојде преку глава

Јусуф Мулубму од Вест Бромвич Албион изгледа дека е доста нервозно момче. Ваква реакција на фудбалски натпревар сигурно сте виделе само во некое маалско или селско дерби.

Најидиотската рутина за слободен удар

Австрискиот четвртолигаш Вајц го изведе најсмешниот слободен удар во историјата на фудбалот. Веднаш штом ќе видите како двајца фудбалери клечат пред живиот ѕид, знаете дека нешто интересно ќе се случи.

Куманово со трилер завршница до финале против МЗТ

Екипата на Кожув која беше во водство по првите три четвртини и во еден момент имаше предност и од 19 поени разлика, во драматични 5 минути го загуби мечот. Куманово се пласираше во финалето на Македонскиот кошаркарски Куп каде ќе се сретне со бранителот на титулата, тимот на МЗТ Скопје.

Голови на неделата

Изминатата недела во ФИФА терминот не се одиграа многу натпреави, но и на овие мечеви беа постигнати убави голови. Погледнете го изборот на најдобрите 10.

Тикет на колото

По завршувањето на квалификациските натпревари за Светското првенство, еве не повторно со нашата стандардна рубрика во која овој пат решивме да тргнеме похрабро со 6 наши предлог типови за ова коло.

Антиќ го победи Мекејлеб

Перо Антиќ со Олимпијакос прослави важна победа на гостувањето во Истанбул кај Фенербахче на Лестер Бо Мекејлеб и остана во трка за пласман во плејофот на кошаркарската Евролига.

Куманово го доби маратонското четвртфинале

Во сенка на инцидентите, долгиот прекин и празнењето на салата заради националистичките скандирања на навивачките групи, по 3 часа и 45 минути, екипата на Куманово ја победи Лирија на последниот четвртфинален дуел од кошаркарскиот Куп на Македонија.

НБА ја призна грешката на судиите

Судиите понекогаш знаат да ги наградат ѕвездите. Така барем беше на последниот натпревар помеѓу Минесота и Лејкерски кој го добија гостите. Рубио во обидот за три поени беше фаулиран од Коби Брајант во последната секунда од мечот, но судиите се направија на тошо. НБА се огласи преку својот веб сајт со образложение дека кошаркарот на Минесота требал да добие три слободни фрлања. 

Како завршија врсниците на Тоти

Принцот на Рим, како што го нарекуваат италијанските медиуми, вчера одбележа 20 години од неговиот прв настап во Серија А, но и покрај годините тој се уште е главна алка во играта на Рома. Еве што прават дел од славните фудбалери на негова возраст.

Легендарниот скијач Борис Стрел пронајден мртов

Прославениот поранешен југословенски скијач, Словенецот Борис Стрел почина на 53-годишна возраст.

Збуни го непријателот со дупли бројки

Бразилски фудбалски клуб смисли нова тактика за да го збуни противникот. Двајца фудбалери играле со број 5, а на судијата му требало 26 минути за да ги примети.

Реал Мадрид за прв пат има комплетен тим

За прв пат оваа сезона, Жозе Мурињо на тренингот на Реал Мадрид на располагање ги имаше сите 25 фудбалери.

Супермен ја поддржа Критична Маса 11

Контралатерално од лириците на маестралната од Лени, скопските љубители на велосипед не сакаат да избегаат, ниту пак одлетаат од своите проблеми и на 11-та Критична маса решија културно да го изнесат нивното незадоволство предизвикано од несовесните возачи, заглавените точкарски патеки и лошата велосипедска инфраструктура. Ипсилатерaлно на текстот, Супермен леташе и нè поддржа!

На Платини му е скапа новата технологија

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини изјави дека применувањето на новата технологија на гол-линијата ќе чини премногу пари и дека таа сума би ја насочил кон други проекти. Станува збор за 54 милиони евра за 5 години.

ФФМ призна дека утнале при гласањето на Пандев

Фудбалската федерација на Македонија испрати соопштение со кое признаваат дека грешката при гласањето во изборот на ФИФА за тренер на годината е кај нив и дека Пандев неправедно бил обвинет дека лаже.

Не издржа срце јуначко и глава киксерска

Осоколени после добрите игри претходно у циклусот, а и после две пива пред утакмица се лупавме у груди како идеме на победа и освета за оние неправедни 0:2 у Скопје. После 15 минути ни беше јасно дека Белгија е класа изнад нас а после пола саат дека бункерот мора да издржи пошто гол не даваме.

Тепачка на трибината кај Лозарите и Чкембарите

По крајот на четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу Работнички и Фени, членови на Лозари кои беа потпомогнати од збратимената група Чкембари, се степаа наместо да ја прослават победата на Фени, па мораше да интервенира и полицијата.

Дербито во Купот му припадна на Фени

Кошаркарите на Фени Индустри предводени од маестраелниот Трајковски беа подобар противник речиси во текот на целиот меч и заслужено славеа над тимот од Градски парк со 93:89. Во полуфиналето кавадарчани ќе се сретнат со МЗТ Скопје.

МЗТ ја прегази Струмица

Актуелниот освојувач на македонскиот кошаркарскиот Куп ја растури екипата на Струмица со 98:51 во првиот четвртфинален натпревар од 21-то издание на ова натпреварување.