Сент Паули објави дека знамето со боите на виножитото кое е симбол на хомосексуалците ќе се виори на нивниот стадион како поддршка за сите оние кои се жртви на сексуалната дискриминација.
„Клубот долго време е активен во борбата против хомофобијата и дискиминацијата. Со ова знаме е јасен знак дека овие прашања се од големо значење за Сент Паули и ние напорно ќе работиме на разрешување на проблемите", изјави потпретседателот на клубот.
Сент Паули е познат како клуб кој го поддржува левицата, а на трибините можат да се забележат разни профили на луѓе. Од луѓе во одела до панкери, анархисти и локални проститутки. Клубот од Хамбург не бележи големи успеси и во изминатите години често испаѓа и се враќа во Бундеслигата, но е познат во целиот свет токму поради уникатната култура и своите навивачи.