Читател ни пиша вака: Затварајте рубриката „автогол на милениумот“. Не можеме да кажеме дека не му е на место предлогов. Второлигашите Сент Паули и Хамбург одиграа 2:2, а несреќниот на векот или милениумот, како сакате, е гостинскиот голман Даниел Ноер Фернандез.
За херој на колото и месецот во германскиот фудбал дефинитивно треба да биде прогласен голманот Јанис Гелиос. Неговиот Кил го совлада Сент Паули со 2:1 во втората лига, резултат кој висеше на конец бидејќи во финишот беше драма и пол пред неговиот гол.
Се судрија после цели 7 ипол години. Пред две недели во еден од најубавите европски градови се играше комшиското дерби меѓу Хамбург и Санкт Паули на кое толку се чекаше. COPA90 носи преубава репортажа од градот со едно од најголемите пристаништа во Европа.
Сент Паули важи за клуб-симбол на левицата, неговите навивачи се анти-фашисти, додека Динамо Дрезден отсекогаш во историјата се сметал за клуб близок до десницата, па во еден период дури и приврзан до идеологијата на Хитлер.
Тренерот на Сент Паули, Едвард Линен не бил присутен за време на промоцијата на новиот фудбалер во клубот Марвин Дукч, така што управата викнала некој вработен на стадионот да стави маска со ликот на тренерот.
Нико Пачински е еден од најомилените фудбалери во историјата на Сент Паули. Во 2002-ра го матираше Оливер Кан за историската победа против Баерн Минхен, а потоа сите пари ги потрошил на коцка и сега работи во погребални услуги.
Да се биде навивач е искрена романтика. Да се дава глас, раце, дланки, срце за гол, за моментот во кој навивачот ќе ги заборави сите човечки потреби и ќе му удри шамар на системот.
Германскиот второлигаш Сент Паули објави дека во идина на секој домашен натпревар покрај клупското знаме, ќе се вее и знамето со боите на виножитото поддржувајќи ги правата на хомосексуалците.
Филип Шаунер, голманот на германскиот второлигаш Сент Паули во 90-та минута од натпреварот против Падерборн, се пресели во спротивниот шеснаесетник и ја затресе мрежата на неговиот колега за конечни 2:2.