Фудбалот е убав затоа што љубовта кон еден играч е вечна. Во светот во кој искрениот однос е се поредок, овој тип на фудбалска страст го прави секојдневието поубаво. За 40 години, навивачите на Интер ќе се сеќаваат на Диего Милито. Истото важи и за Миланистите со Шевченко, Реал со Раул, Јуве со Дел Пјеро и Рома со Тоти.
Навивачите на германскиот Сент Паули му се вечно благодарни на Нико Пачински, германски напаѓач роден во 1976. Година. „Паче“ на 6. Февруари 2002. година го даде решавачкиот и до денес историски гол за триумф на Бундеслигашот од Хамбург против Баерн Минхен 2-1.
Кога дознале дека Нико ја сменил професијата по фудбалската пензија, навивачите сакале да дознаат нешто повеќе за новиот живот на Нико. Кога се дознало што работи Нико, голем дел од навивачите останале со широко отворени очи: Денес Пачински не е стручен коментатор, ниту пак тренер или член на управа. Нико е возач. Возач на мртви. Пачински вози погребна кола, а навивачите се сеќаваат на него по некои поубави моменти.
По завршувањето на кариерата, Нико работел како поштар. Заработувал по 1.200 евра месечно, но еднаш бил нападнат и ограбен. „Беа тројца, ми ставија нож под грло и ми ги украдоа парите и предметите во вредност од 600 евра“, изјавил после нападот.
За Пачински во тој период парите биле важни, затоа што имал многу долгови поради неговата коцкарска страст. Ја потрошил целата заштеда по европските казина и дошол до најниско ниво. Од таа причина Нико барал нова работа, за да го смени животот. Седнал зад воланот и разнесува мртви луѓе. Томас Мегле, неговиот поранешен соиграч и стрелец на еден од головите против Баерн изјавил во шега: „Се надевам ќе живее долго, но ако е така не би бил среќен последното возење во кола да го имам со него“.
Нико играл и фудбал аматерски. „Играм позади, но по потреба знам да отидам и во напад“, вели човекот кој се памети како еден од ретките кој му дал гол на Оливер Кан, на 6. Февруари 2002. година.