После Синер испадна и Ѓоковиќ и тоа после 2-0

Младиот бразилски тенисер Жоао Фонсека направи сензација откако после 5 часа тенис по пресврт го совлада Новак Ѓоковиќ. Ноле имаше 2-0 во сетови, ги доби првите два сета со 6-4, 6-4 и кога сите очекуваа негов рутински пласман во следното коло, Фонсека се издигна од бездната и славеше. 19-годишниот Бразилец ги доби следните три сета 3:6, 5:7, 5:7 и ја забележи најголемата победа во неговата кариера а Ѓоковиќ го исфрли од борба за 25. Гренд слем трофеј.

 

30 мај 2026 - 08:44