Македонија одигра без голови со БиХ на Кошево

Македонската фудбалска репрезентација одигра 0-0 против Босна и Херцеговина на пријателската средба на страдионот „Кошево“ во Сараево.

Репрезентацијата која ќе игра на претстојното Светско првенство имаше повеќе од играта, имаше поголем посед, повеќе удари кон голот на Македонија но на крајот мрежите останаа мирни.

Црвено-жолтите најдобрата шанса ја имаа преку Бојан Миовски во првиот дел кога домашната одбрана го спречи обидот за лоб на центарфорот на шкотски Ренџерс.

Во вториот дел шанса и кај едните и кај другите добија резервистите од клупата но тоа не донесе промена на резултатот.

Македонија по овој нерешен исход сега ќе патува во Турција каде на 1-ви јуни ќе игра против уште еден учесник на Мундијалот, како спаринг партнер.

30 мај 2026 - 08:16