И покрај масовните протести низ улиците во Бразил, навивачите од оваа земја во 15 дневниот Куп на конфедерации уште еднаш покажаа колку го сакаат фудбалот, како се пее во еден глас националната химна и како се бодрат и аматерски репрезентации како Тахити.
Тоа беше само генерална проба за она што следува наредната година во фудбалската земја, но некој се обидува да направи огромни промени со кои би се загубил сјајот на славниот стадион во Бразил.
Надлежните лица на Маракана размислуваат тотално да го сменат навивањето и сакаат да забранат стоење за време на натпреварите, веење знамиња, користење на инструменти, па дури и соблекување на маиците.
Сето ова потсетува на законот кој го донесе поранешната премиерка на Велика Британија, Маргарет Тачер која по трагедијата во Хилсборо 1989 година во која загинаа 96 навивачи на Ливерпул, "ја седна" публиката и донесе ригорозни мерки на стадионите во оваа земја.
Многу англиски навивачи за кои фудбалот претставува празник, таквите строги правила и денеска ги оценуваат како нереални за еден спортски настан на кој атмосферата на мечевите од Премиер лигата наликува како во кино.
„Ќе треба да зборуваме со клубовите за менување на навиките, односно забрана за користење на секакви пиротехнички средства, веење на знамиња, користење на транспаренти и музички инструменти, како и соблекување голи", изјави Жоао Борба, претседател на фирмата која управува со стадионот Маракана.
Со реновиранот стадиот Маракана екипата на Флуминезе веќе потпиша договор за користење за натпреварите од домашното првенство, а истото се очекува да го сторат и остнатите познати бразилски клубови Васко де Гама, Фламенго и Ботагофо.
Фудбалот трпи разни промени во однос на носењето правила, како на пример забрането пушење цигари за тренерите или задолжителен жолт картон за играчите кои ги соблекуваат дресовите при прослава на гол.
Но Маракана е стадион со долгогодишна традиција уште од времето на Пеле, а доколку се донесат овие драстични промени за бразилските навивачи, нема да биде чудно ако во земјата на фудбалот настанат нови протести.