Светско првенство во фудбал на кал

Шкотска беше домаќин на 20 екипи кои настапија на Светското првенство во каллив фудбал на терен кој наликува на нормалните фудбалски терени во Македонија по секој дожд.

Спортот потекнува од Финска каде скијачите во текот на летниот период ја одржувале формата со играње фудбал околу мочуришта. Набргу овој начин на играње фудбал се рашири низ целиот свет, а турнири се одржуваат во Шкотска, Финска, Исланд, Холандија, Бразил и Кина.

12 јули 2013 - 14:48