Македонските фудбалери по секоја цена бегаат од нашата лига па макар и во ерменска втора лига, а клубовите најчесто не заработуваат ни денар затоа што најчесто ги потпишуваат играчите кои се без договор.
За разлика од луѓето кои го водат нашиот фудбал, има еден човек кој знае како да си ја работи својата работа. Колку и да е антипатичен и контроверзен со своите јавни настапи, Здравко Мамиќ е цар за трансфери.
Откако тој е дел од управниот одбор на Динамо Загреб од 2000-та година, на хрватскиот клуб му има донесено заработка од 139 милиони евра само од продавање фудбалери.
Последен е тинејџерот Тин Једвај кој за Динамо Загреб има одиграно само 13 натпревари, а Мамиќ го продаде во Рома за 6 милиони евра. Рекорден му е трансферот на Модриќ во Тотенхем 21 милион евра.
Трансферите на Мамиќ:
Сезона 2000/01
Игор Бишчан - Ливерпул - 8.380.000 евра
Сезона 2001/02
Бошко Балабан - Астон Вила - 7.920.000
Томислав Шокота - Бенфика - 1.520.000
Сезона 2003/04
Јерко Леко - Динамо Киев - 5.585.000
Ивица Олиќ - ЦСКА Москва - 5.000.000
Сезона 2004/05
Нико Крањчар - Хајдук - 1.520.000
Гоце Седлоски - Вегалта - 1.015.000
Сезона 2005/06
Боштјан Цесар - Марсеј - 2.540.000
Сезона 2006/07
Иван Бошњак - Генк - 1.725.000
Сезона 2007/08
Едуардо да Силва - Арсенал - 13.710.000
Ведран Чорлука - Манчестер Сити - 13.200.000
Никола Покривач - Монако - 3.555.000
Гордон Шилденфелд - Бешикташ - 1.725.000
Сезона 2008/09
Лука Модриќ - Тотенхем - 21.330.000
Огњен Вукојевиќ - Динамо Киев - 6.000.000
Хрвоје Чале - Трабзонспор - 2.230.000
Сезона 2009/10
Дејан Ловрен - Лион - 8.125.000
Сезона 2010/11
Марио Манџукиќ - Волфсбург - 7.110.000
Ивица Врдољак - Легија Варшава - 1.500.000
Сезона 2012/13
Матео Ковачиќ - Интер - 11.170.000
Домагој Вида - Динамо Киев - 5.000.000
Милан Бадељ - Хамбург - 4.000.000
Сезона 2013/14
Тин Једвај - Рома - 6.000.000