Уште еден наместен натпревар во Шпанија

Шпанската фудбалска лига (LFP) започна истрага за сомнителната победа на Расинг Сантандер над Херкулес.

Челниците на шпанскиот фудбал ќе го истражуваат сомнителниот натпревар помеѓу Расинг Сантандер и Херкулес одигран на 8 јуни откако се добиени сознанија за високи суми на пари вложени во светските кладилници.

Натпреварот беше одигран во последното коло од шпанската втора лига, но екипата на Расинг Сантандер и покрај тоа што победи со 3:0, не успеа да се избори за опстанок и испадна во третата лига.

Шпанската фудбалска лига се уште го истражува сомнителниот натпревар помеѓу Леванте и Депортиво Ла Коруња.

Погледнете ги најинтересните моменти од дуелот помеѓу Расинг Сантандер и Херкулес и оценете дали натпреварот е сомнителен: