Минатата недела Шпанците започнаа истрага, а денес стигнаа и првите официјални информации за натпреварот од 31-то коло од шпанската Примера помеѓу Леванте и Депортиво Ла Коруња. Според претседателот на лигата, натпреварот одигран на 13 април бил наместен.
Депортиво на гостувањето славеше со 0:4 и освои важни поени во борбата за опстанок, а фудбалерот на Леванте, Хавиер Баркеро уште на полувремето обвинил неколку свои соиграчи дека не се залагаат доволно на теренот и сакал со нив да се пресмета во соблекувалната.
„Не сакам да навлегувам во детали за да не и наштетам на истрагата, но постојат цврсти докази и се надевам дека наскоро ќе дојдеме до заклучок. Во целиот случај е вклучено и кладење", изјави Тебас.
Заклучете само дали Леванте има сериозен проблем со одбраната или им дозволија на фудбалерите на Депортиво лесно да триумфираат: