Поради економската криза која веќе неколку години "ја дрма" Шпанија, константно се намалуваат буџетите во разни спортови, а според весникот „Ел Паис" дури 25 од вкупно 63 спортски федерации се соочуваат со опасноста од банкрот.
„Во 2008 година кога се одржуваа Летните Олимписките игри во Пекинг нашиот буџет изнесуваше 7 милиони евра, додека за оваа година издвоивме 2,8 милиони евра", вели претседателот на Атлетската Федерација, Хозе Марија Одриозола.
Тоа резултираше и со слаби резултати за шпанските атлетичари во последните неколку години кои на последните Олимпијади во Пекинг 2008 и Лондон 2012 не освоија ниту еден медал.
Гимнастичарот Исак Ботелј кој завршил на шестата позиција на Олимписиките игри во Лондон разочаран изјавил дека не примил стипендија од почетокот на оваа година и поради тоа бил приморан да бара пари од родителите.
Во слична ситуација е и освојувачот на златниот олимпски медал во кајак на диви води, Карлос Перез кој за следното Светско првенство ќе мора сам да си ги плати трошоците за сместување и пат.
Во голема криза се и одбојкарите кои во федерацијата која пред 5 години имала нешто повеќе од 2 милиони евра буџет, за оваа година има на располагање околу 850.000 евра.