Манчестер Јунајтед е еден од најголемите и најпопуларни фудбалски клубови на светот, но на Твитер тие допрва треба да ја докажуваат својата моќ. Таму тие се нови, но добро им тргна. До моментот на пишување на овој текст, за само еден ден @ManUtd собра околу 380.000 следбеници.
Шампион на Твитер помеѓу фудбалските клубови се уште е Барселона со скоро 9,5 милиони следбеници, но како тргнале, Манчестер Јунајтед можеби и ќе ги надминат наскоро.
Кладилницата Вилијам Хил дури понуди и кладење на тоа кој ќе има повеќе следбеници на 17 август (денот на одигрување на првото коло во Премиер лигата). Коефициентот на Барселона е 1,14 а на Манчестер Јунајтед 5.
Тронот на Твитер го држи Џастин Бибер со 41,6 милиони следбеници, а можете да се кладите и на тоа дали Манчестер Јунајтед ќе го надминат и него до Божиќ.
Дали Манчестер Јунајтед на Божиќ ќе има повеќе следбеници од:
Џастин Бибер (41,6 милиони) - коефициент 13
Кети Пери (39м) - 13
Лејди Гага (39м) - 13
Барак Обама (33,8м) - 11
Ријана (30,4м) - 11
Кристијано Роналдо (19,6м) - 4