Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Рагбист суспендиран на едно полувреме

Најдобриот играч од американската колеџ лига ја заработи најчудната суспензија. Тој ќе паузира само едно полувреме.

Предвременото славје на Ајронмен

Французинот Жереми Јуркевич ја научи лекцијата дека не треба да се почнува со славење пред да се помине целта на Ајронмен трка, затоа што не сите натпреварувачи се фер како Бразилецот Игор Аморели.

Доби црвен картон но спаси човечки живот

Исклучувањето на голман за време на аматерски натпревар во Англија на крајот резултираше со спасување на човечки живот кој имал инфаркт на трибините.

Навивач купи ТВ права за натпревар на репрезентацијата

Македонските фанови се навикнаа на гледање натпревари преку интернет стримови во недостиг на интерес од нашите телевизиски куќи за откупување на преносите, но и во недостиг на богати навивачи кои сами ќе ги откупат ТВ правата, како во случајот со еден Ирец.

Балотели: Споредбата со Ибра е комплимент за него

По победата од 3:0 во која тој учествуваше со еден погодок и пласманот во Лигата на шампиони, Марио Балотели во негов стил се шегуваше на сметка на Златан Ибрахимовиќ.

Ферплејот не е мртов

Бирмингем ја елиминираше екипата на Јеовил од англискиот куп по изведување на пенали, но драмата на натпреварот се одвиваше претходно. Јеовил му подари гол на Бирмингем откако тие постигнаа погодок на неџентлменски начин.

Хокеј гол со пируета

Владимир Ткачјов од КХЛ клубот Барс Казањ на егзибициски натпревар во Русија го постигна најневеројатниот гол на хокеј терен од кој ќе ви се сврти во глава.

Металург им одржа лекција по ракомет на Унгарците

Ракометарите на Лино Червар не можеа на подобар начин да ја искористат вајлд картата за квалификациите во најелитното клупско ракометно натпреварување и со фантастични 26:16 го демолираа составот на Пик Сегед на првиот дуел во Скопје.

Грифин вода да му носи

Во 2011. година Блејк Грифин победи на Ол-стар со забивање преку автомобил. Гај Дупуј, дечкото што редовно ги засенува НБА ѕвездите, изведе слично забивање, со тоа што тој во лет ја протна топката низ нозе.

Бенитез и Мацари најплатени тренери во Серија А

Во период кога италијанското фудбалско првенство го напуштаат многу ѕвезди кои печалат повеќе во некои од топ 5 најсилните европски лиги, во новата сезона на чизмата причина за насмевка имаат стратезите. Нивните плати рипаат за 28%.

Не можете да ги сопрете навивачите

УЕФА ја казни Легија Варшава со затворање на трибината каде вообичаено се сместени нивните ултраси, но навивачите најдоа начин како да пратат поздрав до европската куќа на фудбалот.

Најмалерозниот фудбалски тим од Перу

Три глупости го чинеше три порази предпоследно пласираниот тим од првата лига во Перу, Унион Комерсијо. Сите овие киксови за паметење им се случија за две недели, а нивниот голман неодамна си најде место во нашата рубрика Офсајд лик.

Англичани во „Тики така“ елемент

Сигурно дека за вакво нешто потребно е знаење и многу тренинг, но и дебели живци. Откако по стапките на Барселона ова маестрално пимплање со топката успеаа да го применат Арапи и Грци, следниот тим кој ја премотувал повеќе пати лентата на Каталонците е англискиот второлигаш Дерби Каунти.

Касиљас ја загуби поддршката и од навивачите

Сите деца на Реал Мадрид немаат подеднаков третман во „Кралскиот клуб", а доказ за тоа е случајот со еден од најдобрите светски голмани кој откако "ја преживеа" најтешката негова сезона со Жозе Мурињо, грбот му го свртија и Анчелоти и навивачите.

Не му успеа финтата

Не сме сигурни дали беше обид за финта или пак ја промаши топката, во секој случај, Јошимар Јотун од Васко да Гама непотребно искомплицира и им дозволи на фудбалерите на Коринтијанс да го загрозат голот во последните секунди од натпреварот.

Најлошиот тим е најпрофитабилен во историјата

Хјустон Астрос, клубот со убедливо најлоши резултати во американската бејзбол МЛС лига, не само што е најпрофитабилна екипа во 2013. туку ќе стане и најпрофитабилна екипа во историјата на овој спорт.

Ако не можеш да го победиш, оштети му ги лизгалките

Освојувач на медал од претходните Зимски Олимписки игри заработи суспензија од две години затоа што му ги оштетил лизгалките на ривалот од Канада.

Јаневски го објави списокот за мечевите против Велс и Шкотска

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Велс и Шкотска кои ќе се одиграат на 6 и 10 септември на Националната арена „Филип Втори" во Скопје.

Кога играш против Серена

Ништо не те спасува кога за противник ја имаш Серена Вилијамс. Американката ја растури Франческа Скиавоне со 6:1 6:0, па таа мораше да се утеши со прегратка од еден од момците кои ги собираат топчињата.

Парализираниот фудбалер ја добива битката со животот

Наместо на фудбалските терени во дресот на Утрехт и романската репрезентација, 30-годишниот Михаи Нешу е врзан за инвалидска количка по страшната несреќа и тоа токму на терен за време на тренинг пред натпревар.

За казна

Ова е казната што ти следува од соиграчите ако промашиш гол во англиска аматерска лига.

„Суперкласико“ ја прослави јубилејната 100 годишнина

Едно од најголемите и најпрочуените фудбалско дерби во светот помеѓу лутите градски ривали Бока Јуниорс и Ривер Плејт викендов прослави точно 1 век од одигрувањето на првиот официјален меч. Според некои статистики дури 70% од аргентинските навивачи ги поддржуваат овие две славни екипи.

Тренерот кој ги рекетира своите фудбалери

Не се работи за класичен рекет односно одземање пари на насилен начин, туку за продажба на часовници кои фудбалерите мора да ги купат ако сакаат да играат.