Милан го совлада ПСВ во плеј-оф рундата од Лигата на шампиони и со вкупни 4:1 се пласираше во групната фаза од најелитното европско клупско натпреварување. Стрелец на два погодоци беше Боатенг, а еднаш во листата на стрелци се запиша и Марио Балотели, кој на третиот одигран натпревар оваа сезона го заработи и третиот жолт картон.
Веднаш по натпреварот новинарите му поставија неколку прашања, а тој даде одговори на негов начин.
„Во Холандија не одигравме добро, но ги убивме во Милано", изјави Марио кој по враќањето во Италија постигна 13 голови на 16 натпревари.
Новинарите го прашаа дали тој би му ја посветил победата на Силвио Берлускони кој слави 26 години откако го презеде Милан, на што Балотели одговори:
„Му се извинувам на претседателот, но јас оваа поебеда ќе му ја посветам на мојот менаџер Мино Раиола!"
Најинтересниот негов одговор следуваше откако тој беше спореден со Златан Ибрахимовиќ
„Ние сме различни, но споредбата со Златан е комплимент за него", изјави Балотели.
Очекуваме одговор од Ибрахимовиќ.