Парализираниот фудбалер ја добива битката со животот

Наместо на фудбалските терени во дресот на Утрехт и романската репрезентација, 30-годишниот Михаи Нешу е врзан за инвалидска количка по страшната несреќа и тоа токму на терен за време на тренинг пред натпревар.

Веројатно името на Михаи Нешу не ви значи премногу. До пред неколку години тој беше еден од многуте успешни романски фудбалери со интернационална кариера. На 28 години тој беше на врвот на својата професионална кариера носејќи го дресот на холандски Утрехт и со осум настапи за репрезентацијата на Романија.

Утрото на 10 мај 2011. година започна како и секое друго за Михаи Нешу. Сезоната во холандската лига беше пред самиот финиш, а за крај следуваше само уште дуелот од последното коло со АЗ Алкмар.

Но наместо уште еден обичен ден, тоа беше тренинг кој му го промени животот. При судар со свој соиграч, Нешу паднал на тревата, врескајќи за помош без да може да се помрдне.

Тој веднаш бил префрлен во блиската болница каде по пет-часовна операција на рбетот, тој се разбудил по четири денови со парализа на целото тело.

Од активен фудбалер во врвот на неговата кариера, Нешу станал жртва на несреќа која го врза за количката, без да може воопшто да ги помрдне ниту рацете.

Но цврстиот карактер на Нешу му влеаа огромна волја за живот. Тој сега комуницира преку специјален гаџет и го контролира мобилниот со неговата уста. Со огромна поддршка на неговото семејство, како и навивачите кои му оддаваат почит на секој натпревар, Михаи ја доби битката со посттрауматското стресно пореметување и депресијата.

Деновиве Михау Нешу има своја фондација која има помага на луѓето со слична судбина. Колегите помеѓу кои и Весли Снајдер, Кевин Стротман, Мишел Ворм и Дрис Мертенс донираат во неговата фондација.

Докторите при вакви случаи не сакаат да даваат никакви прогнози затоа што може да поминат и многу години за да се видат подобрувања во состојбата при повреди на рбетот, но Михаи Нешу засега ја добива битката.

27 август 2013 - 10:09