Најлошиот тим е најпрофитабилен во историјата

Хјустон Астрос, клубот со убедливо најлоши резултати во американската бејзбол МЛС лига, не само што е најпрофитабилна екипа во 2013. туку ќе стане и најпрофитабилна екипа во историјата на овој спорт.

Со скор од 43 победи и 86 порази, бејзбол екипата Хјустон Астрос оваа сезона е убедливо најлоша во МЛС. Но има нешто во што тие се најдобри.

Според магазинот Форбес, оваа екипа е најпрофитабилна оваа сезона и со ова темпо најверојатно тие ќе заработат 99 милиони долари, што значи дека ќе станат и најпрофитабилен тим во историјата на овој спорт.

До рекорден профит оваа сезона екипата на Хјустон ќе стигне благодарение на зголемената сума од продажбата на ТВ правата, како и домаќинското работење на газдата.

Само новиот договор за прикажувањето на нивните натпревари на ТВ е потежок за 50 милиони долари од претходниот, односно Хјустон на оваа ставка заработува 80 милиони долари годишно.

Газдата Џим Крејн доби многу критики од навивачите откако го скрати фондот за плати за цели 56 милиони долари во споредба со 2011. година. Сумата која тој ја издвојува за платите за сите играчи сега изнесува само 21 милиони долари, а дури 64 играчи од лигата сами заработуваат повеќе од целиот тим на Хјустон.

Целото ова домаќинско работење е со ветување за подобри денови во иднината. Хјустон во моментов инвестира во млади играчи, а Крејн вети дека ќе почнат да трошат пари кога ќе дојде вистинското време.

27 август 2013 - 14:42