Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Баба ли е Меси ли е?

Откако децава не можеа да жонглираат повеќе од три пати, на сцена стапи супербабичка која почна да прави чуда со топката. Ликот не можеме убаво да и го видиме, а и според движењата тешко дека се работи за некоја баба.

На еден гол до исполнување на детскиот сон

Поранешниот бразилски репрезентативец Тулио Маравиља продолжува да ги тресе мрежите и на 44 години и му недостига само еден погодок за да си го исполни детскиот сон - да постигне 1.000 голови во кариерата.

Најдобриот бразилски голман од 20 век замина во легендите

Жилмар дос Сантос Невес кој беше познат како „голманот на Пеле" и на чии гради плачеше од радост легендарниот напаѓач кој на 17 години го освои првиот Мундијал, беше дел од славната бразилска генерација и победник на две Светски првенства. Почина синоќа на 83 годишна возраст.

Руско голчиште во стилот на Роналдињо

Белорусинот Антон Путило од екипата на Волга ја изработи цела одбрана на Терек во стилот на Роналдињо и го постигна најубавиот гол во руското првенство овој викенд.

Офсајд лик: Хозе Луис Перлаза

Денешната титула за офсајд лик му ја доделуваме на Хозе Луис Перлаза кој настапува за еквадорската Барселона и за 100 секунди успеа да си постигне ефектно автоголчиште и да заработи црвен картон.

Изгубениот гол на Марадона

Ако мислите дека голот на Диего Марадона против Англија е неговиот најубав погодок во кариерата, тогаш не сте го виделе ова ремек дело. Всушност и не го виделе многу луѓе затоа што оваа стара и лоша, но многу драгоцена снимка беше пронајдена деновиве.

Парагвајски фудбалски хаос

Фудбалски натпревар помеѓу парагвајски нисколигаши беше прекинат откако судијата доби ќотек затоа што исклучи еден гостински фудбалер, а потоа покажа уште три црвени картони. Еден од фудбалерите му зададе удар за каков би можеле да му позавидат и професионални каратисти.

Џабе патот

Еден перуански фудбалер можеби ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди откако му беше наредено да патува 900 километри за да учествува во 8-минутен натпревар, а тој беше заменет по неколку секунди без да ја допре топката.

Хрватскиот голман со срце поголемо од Нови Сад

Хрват стана херој во Србија. И тоа е можно. Хрватскиот голман Матеј Делач кој брани за Војводина, ја одушеви целата српска јавност откако донираше 6.000 евра за операцијата на еден навивач на неговиот клуб.

По Грција, падна и Германија

Проработе македонската кошаркарска машинерија пред Европското првенство во Словенија. По победата над Грција, репрезентацијата на Македонија денес славеше победа и против домаќинот. Совладана е Германија со убедливи 67:81.

Како нашите ги пречекаа Грците

По победата на кошаркарите над Грција, нашите навивачи со „Излези момче“ ги пречекаа и им фатија сеир на Грците пред салата во Улм.

Тикет на колото

Викендов започнува и италијанската Серија А со што се зголемува и изборот за натпревари од кои ќе го составиме нашиот добитен тикет.

Голови на неделата

Редовниот преглед на најдобрите десет голови од изминатите седум денови помеѓу кои се и мајсториите на Лампард, Гризман, Манџукиќ, Виља...

Македонија подобра од Грција во трилер завршница

Кошаркарската репрезентацијата на Македонија предводена од Антиќ и Мекејлеб извојува победа над Грција во завршните минути од подготвителниот натпревар на турнирот во Германија.

Русија гради седум стадиони за СП 2018

За изградбата на седум стадиони за потребите на Светското првенство во 2018. година, Русите ќе потрошат 2,3 милијарди евра со што вкупната сума за организација на првенството ќе биде скоро двојно поголема од математиките на Владимир Путин.

Ода за навивачот

Главниот спонзор на англиската Премиер лига, банката Барклис, сними одлична реклама посветена на навивачите и нивните навики на денот на одигрување на натпреварите. Еден од главните ликови е Били Ингам, 86-годишен навивач на Еверток кој 70 години ги следи натпреварите на овој тим.

Навивачки караван со 328 автобуси

Атлетик Билбао во моментов нема стадион, па вечерашниот натпревар против Осасуна ќе го одигра во Сан Себастијан каде ќе одведе 20.000 навивачи со 328 автобуси.

Кој ќе го сопре Јувентус?

Викендов започнува и новата сезона во италијанската Серија А каде по егзодусот на ѕвездите, екипите конечно почнаа да купуваат звучни имиња, но конкурентноста во лигата не се зголеми и Јувентус ќе атакува на третата титула во низа.

Бразилско голчиште на денот

Крузеиро го совлада Фламенго со 2:1 на натпревар од бразилскиот куп, а стрелец на вториот погодок за домаќините беше брилијантно дело на Евертон Рибеиро кој си поигра со противничкиот дефанзивец и си ја намести топката на волеј. Брзината на неговиот удар била 94,2 километри на час.

Навивачите ја добија битката со Евертон

Откако Премиерлигашот Евертон пред неколку месеци најави дека ќе го менува логото, навивачите ги натераа челниците на клубот да им се извинат и да ги консултираат нив пред да ја направат 11. промена на логото во 135-годишната историја.

Тоа е потегот!

Се наближува Европското првенство во Словенија, па би сакале на нашите кошаркари да им предложиме еден потег кој можат да го искористат на некој од натпреварите.

Трендови во летниот преоден рок

Трансфер пазарот ќе се затвори на 2. септември и до тогаш ќе се случат уште многу трансфери, но веќе можеме да идентификуваме неколку трендови во преодниот рок според досегашните зделки.

Уметноста на пит-стопот

Ред Бул го држи рекордот за најбрз пит-стоп во Формула 1 со траење од 2,05 секунди, а во следното успорено видео ќе можете да видите што сè прават нивните механичари за тие две секунди.