Во мај оваа година фудбалскиот клуб Евертон најави промена на логото, односно бришење на слоганот "Nil Satis, Nisi Optimum" („само најдоброто е доволно добро" на латински), како и бришење на двата ловорови венци кои го претставуваат олимпискиот знак за успех.
Но оваа нивна намера на челниците на клубот не беше прифатена од навивачите. Тие ја обвинија клупската управа дека го предале клубот и традицијата со новото лого на кое недостигаат два клучни детали. На петицијата против новото лого се потпишаа 25.000 навивачи кои порачаа ќе ги бојкотираат дресовите и сите останати производи со новото лого и на тој начин клубот ќе загуби многу пари.
Оваа акција на навивачите ги примора челниците на клубот да го сменат мислењето и плановите. Тие го повлекоа својот предлог за дизајн на лого, и ветија дека за новото лого ќе бидат консултирани навивачите, односно тие ќе дадат предлози за промените на логото и новиот изглед ќе биде изгласан од 300.000 регистрирани членови на клубот.