Трендови во летниот преоден рок

Трансфер пазарот ќе се затвори на 2. септември и до тогаш ќе се случат уште многу трансфери, но веќе можеме да идентификуваме неколку трендови во преодниот рок според досегашните зделки.

според transfermarkt.com

Најверојатно заради економската криза во земјата, како и заради применувањето на новите закони со кои клубовите беа приморани да ги расчистат долговите кон државата, екипите од шпанската Ла Лига продаваат многу повеќе отколку што купуваат. Досегашниот профит на клубовите изнесува 136 милиони евра, но оваа сума лесно ќе се промени ако се оствари најавениот трансфер на Бејл во Реал Мадрид.

Клубовите од англиската Премиер лига повторно почнаа да се расфрлаат со пари откако им се наполнија касите со потпишувањето на новиот договор за продажба на ТВ правата кој е поголем за 40%.

Серија А и Бундеслигата не се многу далеку од „нула", но причините во двете лиги се различни. Италијанските клубови многу активни на пазарот, но ретки беа трансферите за големи суми, а во Германија екипите не беа многу расположени за купување и продавање на фудбалери.

Вкупната бројка за францускта Лига 1 посочува на „трансфер бум", но оваа бројка лаже затоа што дури 257 милиони евра, односно 79% од вкупната сума во Франција и 15,6% од вкупната сума потрошена на трансфери во Топ 5 лигите во Европа, е дело на ПСЖ и Монако.

22 август 2013 - 15:41