Офсајд лик: Хозе Луис Перлаза

Денешната титула за офсајд лик му ја доделуваме на Хозе Луис Перлаза кој настапува за еквадорската Барселона и за 100 секунди успеа да си постигне ефектно автоголчиште и да заработи црвен картон.

ЛДУ Лоха ја победи Барселона со 3:1 на натпревар од еквадорската прва лига, а последниот гол беше дело на гостинскиот дефанзивец Хозе Луис Перлаза Напа.

31-годишниот фудбалер успеа да го лобува својот голман со удар од 30 метри и да го постави конечниот резултат со ефектен автогол.

Но тоа не беше се што Хозе Луис Перлаза. човекот кој до прен некое време беше познат по лудите шишки, стори за да се прослави на овој натпревар.

Нецели две минути подоцна, односно по точно 100 секунди откако си ја затресе сопствената мрежа, Перлаза удри со лакт противнички фудбалер и заработи црвен картон, а воедно го заработи и нашето признание за офсајд лик.

Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.

26 август 2013 - 12:08