Во изминатите години Серија А ги загуби Ето, Пасторе, Лавеци, Силва, Ибрахимовиќ, а летово си заминаа и Кавани, Јоветиќ, Маркињос... со што италијанската лига почна да го губи квалитетот и го загуби статусот помеѓу Топ 3 лигите во Европа.
Но за разлика од минатите сезони, во овој преоден рок освен трансферите надвор од Италија, клубовите од Серија А доведоа и повеќе звучни имиња. Италијанската лига оваа сезона ќе биде посилна за Тевез, Љоренте, Игуаин, Албиол, Каљехон, Гомез, Стротман...
Квалитетот на лигата значително се зголеми, но не и конкурентноста при врвот каде според сите предвидувања, Јувентус нема многу да се намачи за да стигне до третата титула во серија. Екипата со најдобра одбрана оваа сезона со Тевез и Љоренте ќе го има и најдобриот напад, па кладилницата bet-at-home за одбрана на титулата им одреди коефициент 1,6.
Втор фаворит за титулата е Милан, но без значајни засилувања на ланскиот тим, нивните шанси се многу мали, односно коефициентот за нив е 5,35.
Според активноста на трансфер пазарот и амбициите во новата сезона, на патот до титулата на Јувентус би можел да му застане Наполи. Ексцентричниот Де Лаурентис на кормилото на неговиот тим го назначи Бенитез, а со парите од продажбата на Кавани го засили тимот со Игуаин, Албиол, Каљехон и Мертенс кои заедно со Хамшик и нашиот Пандев ќе се обидат да му зададат сериозни главоболки на актуелниот шампион. Сепак кладилниците не веруваат премногу во нивниот успех и им одредија коефициент 6,35.
Зад нив следат аспирантите за излез во Европа чие најголемо достигнување би бил пласманот на третата позиција која води во квалификациите за Лигата на шампиони. Коефициентот за титулата на Фиорентина е 9, Интер - 11, Рома - 25, Лацио 50 и Уденезе - 80.