
Нема многу фудбалери на планетава кои во својата кариера успеале да ја минат неверојатната граница од 1.000 постигнати голови. Еден од нив ќе биде и Тулио Маравиња. На поранешниот бразилски репрезентативец му недостасува само уште еден погодок откако викендов тој беше стрелец за нисколигашот Вилавеленсе.
Но не се сите 999 негови голови постигнати за нисколигаши. Во својата богата кариера има постигнувано голови и освојувано титули со Ботафого, Коринтијанс, Флуминенсе, Гоиас, како и швајцарски Сион и унгарски Ујпешт, а 13 пати постигнал гол и за репрезентацијата на Бразил чиј дрес го носел 15 пати.
Во 1996. година додека настапуваше за Ботафого, на натпревар од Копа Либертадорес против чилеанскиот клуб Универсидад Католика, Тулио Маравиља постигна гол со петица, подигнувајќи ја топката на самата гол линија и овој удар по него го доби името „Тулета".