По расистичките испади на навивачите на Легија на натпреварот од претходното квалификациско коло во Лигата на шампиони, УЕФА им изрече казна од 30.000 евра и затворање на северната трибина каде се сместени најтврдокорните навивачи.
Но тие сепак се снајдоа и испратија порака до УЕФА од спротивната трибина. Пораката гласеше „Не можете да ги сопрете навивачите".